Дани Алвеш тешко го поднесува времето во затвор каде е веќе неколку месеци поради обвинение за сексуалниот напад.
„Тој е депресивен, многу депресивен. Добива соодветна помош од вработените во затворот“, вели еден од затворениците.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Наводно, во затворот прибегнале кон екстремни мерки токму поради емоционалната и психичката состојба на поранешниот фудбалер на Барселона и ги започнале протоколите што ги имаат во случај на сомневање дека некој од затворениците размислува за самоубиство.
Сите се плашат за неговата состојба, се плашат дека Дани Алвеш ќе направи нешто лошо и можно да си го одземе животот.