Дома Фудбал Останато Далиќ во проблеми пред натпреварот со Англија, испрати порака и до Манџукиќ

Далиќ во проблеми пред натпреварот со Англија, испрати порака и до Манџукиќ

Хрватска денеска ќе ги започне подготовките за дуелот во Лигата на нациите против Англија во петок и за пријателскиот натпревар против Јордан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Златко Далиќ нема да му биде ниту малку лесно со оглед на тоа што голем број на играчи кои ќе дојдат денеска на собирот имаат проблеми со повредите. Англија сигурно ќе ја пропуштат Борна Баришиќ, како и Марсело Брозовиќ, додека под знак прашалник е Шиме Врсаљко.

Поради проблеми со коленото под знак прашалник е и голанот Ловре Калиниќ, а Далиќ призна дека одличниот напаѓач на Јувентус, Марио Манџукиќ многу би значел за репрезентацијата на Хрватска за следните натпревар.

„Манџукиќ многу би ни значел, но тоа е на него. Можеби, откако ќе се одмори некое време, повторно ќе сака да се врати. Тој е добредојден“, истакна Далиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид нема право да се жали на судиски грешки, смета шефот на Ла Лига

Претседателот на шпанската Ла Лига Хавиер Тебас го коментираше одлуката на Реал Мадрид да …