Дома Фудбал Германија Готово: Објавен датумот за продолжување на Бундеслигата!

Готово: Објавен датумот за продолжување на Бундеслигата!

Германскиот министер за здравство Јенс Спан изјави за „Билд“ дека фудбалската сезона во Бундеслигата може да започне повторно на 9 мај.

Сезоната беше прекината во средината на март поради пандемијата од коронавирусот. Германската фудбалска лига ги прекина натпреварите првично до 2 април, а потоа продолжи мерката на претпазливост против ширење на инфекцијата до 30 април.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Користејќи го концептот на натпревари без публика, целосно е можно да се обнови сезоната. Најважно е да се осигура дека ризикот од зараза е минимален. Организирањето натпревари на 9 мај ќе биде добар знак за милиони љубители на фудбалот, иако трибините ќе останат празни“, прокоментира Спан.  

Лидер во првенството е Баерн, по одиграни 24 кола со 55 бода, а Баварците имаат 4 бода предност пред Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Томас Тухел “прешкрта” играч од списокот на Англија, навивачите лути на него!

Џуд Белингам повторно доби покана од Томас Тухел за натпреварите на Англија кои ќе се игра…