Македонската фудбалска икона Горан Пандев ќе стави потпис на нов договор со Џенова пренесуваат италијанските медиуми.
Реномираниот Џанлука Ди Марцио објави дека Џенова за Пандев има понуда за едногодишно продолжување на соработката со нашиот капитен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите двете страни се блиску до договор и наскоро се би требало да биде официјализирано и Пандев ќе остане во Серија А да одигра уште една сезона.
Пандев оваа сезона во Серија А одигра 26 натпревари и постигна четири гола во сезона во која Џенова дури во последното коло го обезбеди опстанокот во најсилната италијанска конкуренција.
Ќе потсетиме, неодамна во Џенова пристигна нов тренер и на местото на Прандели беше доведен Адреаоли.
#Calciomercato #SerieA | Il #Genoa e #Pandev ancora insieme per un altro anno ?? https://t.co/EX6KYctCto
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) June 18, 2019