Дома Фудбал Останато Пораз на Наполи од Спартак, Елмас стрелец 🎥

Пораз на Наполи од Спартак, Елмас стрелец 🎥

Фудбалерите на Спартак Москва го совладаа Наполи со резултат 2:1 во рамките од 5. коло во групата Ц од Лигата на Европа.

Спартак до водство дојде уште во третата минуда и тоа со удар од белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Александар Соболев. Истиот играч во 28. минута постигна гол за 2:0.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Наполи во второто полувреме тргна да напаѓа, создаваше шанси пред голот на домаќините, а една од тие прилики искористи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во 64. минута. До крајот гостите од Италија создаваа прилики, но резултатот не се промени.

Со овој пораз Наполи останува второпласиран во групата со седум бода, толку има и Спартак, но со подобар меѓусебен дуел. Легија е трета со шест, Лестер последен со пет. Легија и Лестер својот натпревар од ова коло го играат утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Уапсен поранешен играч на Ајакс, Сити и Атлетико Мадрид

Поранешниот играч на Ајакс и сегашен помошник-тренер на вториот тим на клубот, Кики Мусамп…