Дома Фудбал Лига на шампиони Гигантите ги очекува жешка атмосфера: Звезда го распродаде „Рајко Митиќ“ за рекордно време!

Гигантите ги очекува жешка атмосфера: Звезда го распродаде „Рајко Митиќ“ за рекордно време!

Најголемиот успех на Црвена Звезда во последните 26 години предизвика голем интерес кај навивачите.

Денес во Србија во слободна продажба беа пуштени пакет влезниците за натпреварите во групната фаза од Лигата на шампионите каде што Звезда ќе игра против Наполи, ПСЖ и Ливерпул.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Влезниците беа распродадени за помалку од три часа!

Долгите колони пред благајната на „Рајко Митиќ“ започнаа да се создаваат уште од четири часот наутро, а имало и такви кои кампувале пред стадионот.

Ќе потсетиме претходно во продажба беа пуштени билетите за членовите на клубот.

Во Белград прв гостува Наполи на 18-ти септември, потоа пристигнува Ливерпул на 6-ти ноември, а на 11 декември пристигнуваат богатите „светци“ предводени од Нејмар.

Стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград има капацитет од 55 илјади гледачи, па јасно е дека европските гиганти ќе ги очекува пеколна атмосфера.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вилијамс се договорил, ќе се откаже од милиони за да си го исполни сонот!

Нико Вилијамс ги прифати условите на Барселона, потврди Фабрицио Романо. Според него, Нико…