Дома Фудбал Лига на шампиони Европските гиганти предизвикаа еуфорија во Србија: За влезница се чека од четири часот наутро! (видео)

Европските гиганти предизвикаа еуфорија во Србија: За влезница се чека од четири часот наутро! (видео)

На стадионот „Рајко Митиќ“ започна продажбата на влезници за натпреварите на Црвена Звезда во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Уште од раните утрински часови пред стадионот во Белград се направи „река“ од луѓе кои сакаа да дојдат до вредното парче хартија кое значи гледање на европските гиганти во живо. Нешто на кое овој клуб чекаше долги години…

Во претходните денови Звезда продаваше пакет карти за членовите на клубот и оние со годишна карта, а денес започна отворената продажба за сита останати.

Иако благајната на стадионот беше отворена дури во 10:00 часот редот пред стадионот како што пишуваат српските медиуми започнал да се формира уште од четири часот наутро! Веќе во седум часот имало преку 1.000 луѓе во долгата редица…

https://www.facebook.com/crvenazvezdafk/videos/268494750450399/

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Најлудиот натпревар на Светското првенство, Англија се пласира во четвртфиналето

Англија го победи Мексико со 3-2 и се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, …