Фудбалските луѓе во Германија донесоа решение да ја променат тактиката во борбата со коронавирусот и да направат важен чекор во продолжувањето на првенството.
Според телевизијата MDR најпрво сите играчи ќе бидат тестирани во рок од три дена. Ако некој се покаже дека е заразен, тој ќе биде ставен во карантин. Меѓутоа, неговите соиграчи нема да бидат изолирани, туку ќе продолжат да тренираат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Досега правилото беше на еден доказан позитивен случај сел тим да оди во карантин.
Дури и да има повеќе од еден заразен нема да биде проблем. За да може еден тим да учествува во натпреварот, треба да располага со најмалку 13 здрави фудбалери и двајца голмани.
За оваа цел Германската лига ќе формира специјален тим на лекари кои константно ќе вршат тестови на на фудбалерите.
Се очекува со ваквиот начин првенството во Германија да продолжи многу порано од предвиденото.