Дома Фудбал Гвардиола го пофали својот поранешен играч: Тој е поинаков, тој е еден од најголемите досега

Гвардиола го пофали својот поранешен играч: Тој е поинаков, тој е еден од најголемите досега

Вo недела 34-годишниот Томас Милер испиша историјата со Баерн Минхен. Брилијантниот напаѓач ја испиша историјата на баварскиот гигант и стана играч со најмногу настапи во историјата на клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Против Фрајбург по 710-ти пат го облече дресот на Баерн. За него во таа прилика проговори и Пеп Гвардиола, кој беше тренер на Милер во Баерн од 2013 до 2016 година:

“Нема играч како Томас Милер! Тој е еден од најголемите играчи во историјата на Баерн и фудбалот воопшто. Не само поради неговите многубројни титули, туку и затоа што е целосно фокусиран кога му треба на неговиот тим. Не е потценет. Фудбалските фанови од целиот свет знаат колку е важен на теренот. Тој е мудар, непредвидлив играч кој секогаш знае каде да оди.“

Милер целата своја клупска кариера ја помина во Баерн. Во дресот на клубот од Минхен забележа 710 настапи, 245 гола и 269 асистенции и освои 32 трофеи, од кои два Лигата на шампионите и 12 титули во Бундеслигата. Неговиот договор е со важност до летото 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку по голот за Белгија го имитираше Трамп со неговиот танц (Видео)

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку се потруди да остави силен впечаток на синоќешнио…