Дома Македонски спорт Галатасарај и Алиоски постигнале договор!

Галатасарај и Алиоски постигнале договор!

Дел од турските медуми денес објавија дека Езгјан Алиоски и Галатасарај постигнале договор и соработката би требало да биде официјализирана во наредните денови.

Преговорите помеѓу македонскиот репрезентативец и турскиот гигант се водеа подолго време затоа што заинтересирани имаше и други страни. Трабзонспор беше сериозен, но тие се откажаа наводно поради високите барања на Џани.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега извесно е дека Алиоски ќе продолжи во Галатасарај. Со Галатасарај се поврзуваше и Лејвин Курзава, но сепак на крај клубот се одлучил за Џани.

За Лидс Алиоски одигра 162 натпревари, постигна 22 гола и подели 16 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…