Дома Фудбал Во мега-скандалот вмешана и ѕвезда на Галатасарај, веднаш бил исфрлен од репрезентацијата!

Во мега-скандалот вмешана и ѕвезда на Галатасарај, веднаш бил исфрлен од репрезентацијата!

Голем скандал ја погоди турската фудбалска сцена. По отворањето на истрага против 371 судија, сега се суспендирани и 1.024 фудбалери.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за широка истрага за обложување, а пред неколку дена претседателот на Фудбалската федерација на Турција потврди дека од тие 371 судии — кои се сите активни во турската фудбалска пирамидa, 152 активно се обложувале.

Меѓу нив се наоѓаат и седум судии од елитната конкуренција, односно кои суделе натпревари во турската Суперлигата.

Истата истрага сега е проширена и на фудбалерите — повеќе од 1.000 играчи се суспендирани. Меѓу нив како најпознато име се издвојува 25-годишниот фудбалер на Галатасарај и турската репрезентација, Ерен Елмали.

Тој, на Инстаграм, призна дека пред пет години уплатил облог за натпревар во кој не играл неговиот тим за кој тогаш настапувал.

Суспендирани се и цели натпреварувања. Имено, третата и четвртата лига во Турција се прекинати и ќе има пауза од две недели, додека трае истрагата. Во меѓувреме, натпреварите од првиот и од вториот ранг ќе се одвиваат нормално, како што биле и закажани.

Во истрагата се вмешани и претседателот на прволигашот Ејупспор, како и поранешен сопственик на Кашмпиаша кои веќе биле испрашани од властите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…