Германскиот тим Баер Леверкузен вчера славеше со 2-1 против Мајнц и освои нови три бодови во трката за титулата во Бундеслигата, а воедно испиша и рекорд.
Избраниците на Чаби Алонсо оваа сезона играат одлично во сите натпреварувања, па не знаат за пораз на дури 33 натпревари и тоа е нов рекорд за германски тимови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баер со победата против Мајнц му избега на Баерн Минхен на дури 11 бодови на врвот на Бундеслигата, а воедно има постигнато 97 голови во 33 меча оваа сезона.
Во изминатите денови се шпекулираше дека Алонсо ќе замине од клубот, а интерес покажаа Баерн и Ливерпул, но тренерот кажа дека останува посветен на Баер до крајот на сезоната.