Дома Фудбал Останато Газдата на ПСЖ даде јасен одговор за иднината на Нејмар и Мбапе

Газдата на ПСЖ даде јасен одговор за иднината на Нејмар и Мбапе

Фудбалерите на ПСЖ вчера во луда завршница после неверојатен пресврт остварија победа против Аталанта во Лигата на шампионите.

После натпреварот следуваа изјави од играчите и тренерите на ПСЖ, но без изјава не помина и првиот човек на овој клуб Насер Ал Келаифи.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тој не зборуваше за пресвртот и победата, туку одговори на прашањето поврзано за Нејмар и Мбапе, поточно за нивното останување во клубот.

„Дали ќе го продолжиме договорот на Нејмар? Секако и на него и на Мбапе. Ниту еден од нив двајца нема да продадеме“, јасен беше газдата на ПСЖ.

По оваа изјава клубовите кои покажуваа интерес за двете ѕвезди на клубот од Париз полека можат да се свртат кон други играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

БОМБА ОД АНГЛИЈА: Пеп на лето го напушта Сити, клубот веќе изработи листа на замени!

Како гром од ведро небо, се појави вест објавена од Атлетик дека Пеп Гвардиола сериозно ра…