Дома Фудбал Останато Во Саудиска Арабија отворена истрага против Роналдо

Во Саудиска Арабија отворена истрага против Роналдо

Саудиската лига отворила истрага против Кристијано Роналдо за неговиот последен потег по победата на Ал Наср против Ал Шабаб од 3:2.

Ал Наср на гостински терен славеше против Ал Шабаб со 3:2 во рамките од 21. коло во саудиската лига. Спорниот момент се случи по завршувањето на натпреварот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Откако натпреварот заврши следуваше големо славје на гостите, а домашните навивачи го провоцираа Роналдо со скандирањето на името на неговиот најголем ривал. Лионел Меси. Португалецот тоа не го прифати најдобро и им одговори на навивачите со фаќање за меѓуножјето.

Поради ваквото однесување саудијците денес објавија дека е отворена истрага против Роналдо кој е обвинет за „неморал“. Дисциплинската комисија одлуката би требало да ја донесе во наредните два дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Митровиќ добива 25 милиони евра од Саудијците, па потпишува за англиски гигант!?

Александар Митровиќ игра најдобар фудбал во животот. Триесетгодишниот напаѓач и најдобар с…