Да, па тоа е Марадона и не може без скандали…
Изгледаше како да се смири бидејќи на Марадона во последниот ангажман во Дорадос му одеше одлично и дојде на чекор од тоа овој тим да го внесе во најсилната лига во Мексико (кога дојде беа во зона на испаѓање).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, сега едноставно го – снема!
Не, е исчезнат, но не се појавува на тренинзите на клубот и никој во клубот (барем според медиумите) не знае зошто е тоа така.
Ниту клубот, ниту Марадона не излегле со официјално соопштение.
Сепак, во мексиканските медиуми се шпекулира за две причини. Прво затоа што на помошникот Луис Ислас не му е обновен договорот, а второ затоа што клубот не договорил засилувања.
Во ваква ситуација тренинзите ги води еден од помошниците, Хозе Алтиери. Новата сезона во мексиканскиот шампионат започнува на 5-ти јануари.