Дома Фудбал Англија Видео: Стерлинг погоди за победа, но Менди му го „украде“ шоуто – Со скинати лигаменти претрча половина терен!

Видео: Стерлинг погоди за победа, но Менди му го „украде“ шоуто – Со скинати лигаменти претрча половина терен!

Манчестер Сити во средата запиша победа над Саутемптон од 2:1 во рамките од 14 коло во Премиер лигата.

Завршницата на натпреварот беше навистина драматична, а Сити благодарение на голот на Рахим Стерлинг во петата минута од судиското продолжение успеа да стигне до посакуваните три бода.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


После победничкиот гол избраниците на Пеп Гвардиола тргнаа да прослават, а веројатно многумина не го забележаа лудото славје на Банџамин Менди, 23 годишниот Французин  кој е надвор од терените откако го скина лигаментите.

Откако Стерлинг успеа да погоди, Менди не се воздржа и тргна да трча кон соиграчите, можеше да се забележи дека поткривнуваше, но неговиот потег ги воодушеви навивачите, а тој стана хит на друштвените мрежи.

„Ги скинав лигаментите, но кому му е гајле за тоа после победничкиот гол, погледнете како трчам“, напиша Менди на својот Твитер профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ханзи Флик не брза да потпише нов договор со Барселона

Главниот тренер на Барселона, Ханзи Флик, засега не покажува желба за долгорочна обврска с…