Кристиано Роналдо вечерва од 20:30 часот во дресот на Јувентус во рамките од 15-тото коло во италијанската Серија А ќе игра против Интер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Овој натпревар Роналдо ќе го игра на 33 години, 10 месеци и два дена старост – точно 16 години, три месеци и 24 дена после првиот натпревар во сениорската категорија против истиот клуб.
Да, Роналдо има играно против Интер.

Тоа се случи на 14 август во 2002 година. Ласалзо Болони, тренерот на Спортинг Лисабон во 58-тата минута во натпреварот од 3-тото претколо во Лигата на шампионите на местото на Тонито во игра го внесе тогаш 17 годишниот Роналдо.
Роналдо тој полвина час го одигра како лево крило, а го чуваше тогаш веќе легендарниот и 12 години постар од него Хавиер Занети.
За Интер тогаш играа: Толдо, Кордоба, Матераци, Коко, Далмати, Ди Баџо, Виери… а подоцна шанса добија Рекоба, Алмеида и Гули.
Натпреварот заврши без погодоци.
https://www.youtube.com/watch?v=AY0mKvtrwZU