Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Ножичките на Де Јонг сигурно ќе конкурираат за гол на сезоната

ВИДЕО: Ножичките на Де Јонг сигурно ќе конкурираат за гол на сезоната

Екипата на ПСВ во саботниот натпревар во рамките на 13. коло од холандската прва лига рутински со 3:0 го победи Херневен, а голови постигнаа Лозано во 11. и 66. минута и Лук де Јонг во 52. минута од натпреварот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Норвешкиот фудбалер, Мортен Торсби во 37. минута по жестокиот старт заработи црвен картон и така му направи дополнителен простор на ПСВ со што ја олесни работата на овој натпревар.

Тимот од Ајндховен победи без некои поголеми проблеми, а посебно атрактивен беше голот на нивниот напаѓач, Лук Де Јонг кој по една добра акција на својата екипа го искористи центаршутот на Лозано и маестрално со ножички ја испрати топката во голот на гостите.

ПСВ со овој триумф дополнително ја зацврсти лидерската позиција во холандската лига со 39 освоени бода, а во 13 одиграни кола имаат максимален учинок што секако е за секој респект.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Роналдо? Ништо посебно, немавме посебен план за да го запреме…“

Португалската репрезентација одигра само 1-1 против Конго во својот прв натпревар на Мунди…