Mилан после продолженија го совлада Интер со 1:0 и така обезбеди пласман во полуфиналето во Купот на Италија.
„Росонерите“ славеа во дербито на Милано, а тоа беше четврти пат во историјата да се сретнат во четвртфиналето во Купот и нивни трет пласман.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Првиот дел го обележи урнебесната глума на фудбалерот од средината на „росонерите“, Мануел Локатели, 19 годишниот тинејџер кој ги помина сите селекции на Милан во младинскиот погодон пред потписот на сениорскиот договор.
Локатели падна во шеснаесетникот на Интер, но тоа го направи толку лошо што фудбалерот на Интер кој беше најблиску му се насмеа, додека главниот судија на натпреварот покажа жолт картон.