Интер ја продолжи победничката серија и ја запиша шестата победа во исто толку натпревари, па со максимален ефект во следното коло ќе го пречека Јувентус.
„Нероаѕурите“ немаа многу проблеми на гостувањето кај Сампдорија и уште од самиот старт најавија дека се дојдени по трите бода.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Во 20-та минута Сенси го отвори резултатот, а само две минути подоцна Санчез зголеми на 2:0, резултат со кој се замина на одморот.
На почетокот на вториот дел Санчез направи два жолти картони во само три минути, па Интер остана со играч помалку. Домаќините преку Јанкто ја вратија неизвесноста во 55-та минута, но Гаглиардини после неколку минути погоди за 3:1.