Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига победувајќи го Лил на пенали. Во реваншот францускиот клуб на домашен терен победи со 2:1, па со резултат 3:3 беа изведени пенали. На самиот почеток се случи несекојдневна ситуација.
Имено, голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез го одбрани пеналот на Набил Бенталеб и веднаш потоа се сврте кон навивачите на Лил и почна да ги замолчува. Судијата Иван Кружлијак оцени дека Мартинез претерал и му додели жолт картон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мартинез доби втор жолт, но не беше исклучен. Еве зошто
Оттаму почна конфузијата. Мартинез веќе доби жолт картон во првото полувреме, па ова беше негова втора опомена. Затоа сите заклучија дека аргентинскиот голман е исклучен и дека мора да го напушти теренот. Сепак, тоа не беше случај.
Правилата велат дека жолтите картони добиени од играч во текот на 90 или 120 минути од натпреварот не важат во пенал серијата. Затоа, за да биде исклучен, играчот треба да добие два жолти или директен црвен картон за време на изведувањето пенали. Ова правило како да не го знае самиот Мартинез, кој беше изненаден откако доби жолт картон и изгледаше како да не му е јасно дали е исклучен.
Martinez yellow card vs Lille in the penalty shootout
byu/Chelseatilidie insoccer