Дома Фудбал ВИДЕО Камавинга врескаше, а Модриќ го фати за глава

ВИДЕО Камавинга врескаше, а Модриќ го фати за глава

КАМАВИНГА го повреди коленото на тренингот на Реал пред натпреварот од Суперкупот на УЕФА и нема да настапи на мечот што Кралевите ќе го играат против Аталанта денеска од 21 часот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Варшава ќе се сретнат Реал како освојувач на Лигата на шампионите и Аталанта освојувачот на Лигата на Европа.

Шпанските медиуми потврдија дека Камавинга ќе го пропушти тој натпревар откако на тренинг во полскиот град, на дуел со Чуамени, загуби рамнотежа, се лизна и почувствува болка во левото колено. Со вресок паднал на тревникот и извесно време останал да лежи.

Колку беше болно, можеше да се слушне од врисоците на Камавинга, но и да се види од реакциите на неговите соиграчи. Лука Модриќ се фати за глава кога ја виде состојбата на својот 21-годишен соиграч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар немоќен против КуПС – со два гола негатива патува во Финска

Вардар не успеа да оствари позитивен резултат на првиот натпревар од квалификациите за Лиг…