Енди Мари ја освои титулата во Антверпен, откако во финалето го победи Станислав Вавринка со 2-1, па не успеа да ги задржи солзите.
Ова беше прва титула за Мари откако во јануари оваа година имаше операција на колкот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мене многу ми значи овој трофеј. Во последниве години беше многу тешко. Стен и јас имавме многу повреди подолг период. Многу е убаво повторно да се сретнеме во финале. Тоа беше извонреден меч. Не го очекував ова, затоа сум многу, многу среќен“, изјави Мари.
Поради хронична повреда на колкот, Британецот планираше да ја прекине кариерата.
Не помислив дека ќе го освојам турнирот и ќе победувам тенисери како Вавринка и Беретини. Ова е изненадување и за мене и за мојот тим. Навистина не очекував дека толку брзо ќе освојам трофеј“, додаде Мари.