Енди Мари доживеа елиминација во првото коло на Австралија Опен во Мелбурн од Роберто Баутиста Агут со 2:3 (4:6, 4:6, 7:6,7.6 и 2:6).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Легендарниот тенисер изгледа го одигра последниот натпревар во кариерата, тоа го најави и пред почетокот на Австралија Опен, а сега го потврди.
Сепак, остави можност некогаш да се врати.
„Мислам дека беше во ред, се потрудив и им благодарам на сите присутни. Ова е место на кое е неверојатно да се игра тенис. Го одиграв мојот последен натпревар. Ви благодарам за поддршката. Ми помогнавте многу во текот на годините. Можеби некогаш повторно ќе се видиме, ако се одлучам пак да играм. Прво следи тешка операција. Ви благодарам“, изјави Мари.