Светски познатиот доктор Хан Ридигер вели дека поранешниот најдобар тенисер на светот Енди Мареј моментално би требало да престане да игра тенис.
Мари после две години измачување со дегенерисаниот колк , поради кои трпел големи болки, на почетокот на 2019 година се одлучи за радикална и непопуларна операција, при која главите на бутната коска и колкот му се заменети со метални.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако многумина се сомневаа дека ќе може повторно да му се врати на тенисот, Мари успеа во тоа, дури и освои турнир пред неколку дена.
„Да бидам искрен, не би помислил дека некој по таква опеција ќе се врати на спортот. Тоа е невозможно. Мари презема огромен ризик. Со вградениот дел – двете метални површини се тријат една од друга. Пред десет години беше користен сличен метод во Швајцарија, понекогаш со катастрофални последици, зашто може да се доживее труење на крвта“, изјави докторот.