Некогаш беше миленик на Фергусон, а денес според мномина во Шведска ја прави најдобрата пица во оваа држава.
Фановите во него гледаа како на левеногиот Дејвид Бекам и наследник на Рајан Гигс – Јаспер Бломвист.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бломвист неодамна отвори пицерија во близина на Стокхолм, а многумина од оние кои имаа прилика да ја пробаат неговата пица велат дека е најдобриот пица мајстор во Шведска.
„Имав некои лоши ивенстиции…Не сум финансиски загрозен, но не можам да седам дома и да не правам ништо. Поради тоа отворив пицерија. Секогаш сум сакал да експериментирам со храната додека играв во Италија“, изјави 44 годишникот кој пред осум години ја заврши фудбалската кариера.
Во Манчестер Јунајтед помина три години во првата ја освои Лигата на шампионите во она лудо финале против Баерн, а за тој натпревар беше дел од почетните 11. Сер Алекс Фергусон го обожаваше, но во втората сезона заработи тешка повреда, па скоро две години и да не играше.
Додека се опоравуваше од повредата бодеше кулинарско шоу на една клупска телевизија.
По враќањето повеќе не беше истиот, замина во Евертон каде што мина една сезона, подоцна играше и за Чарлтон за на крајот да се врати во Шведска. Кариерата поради проблемите со повреди ја заврши на 31 година.