Не стивнуваат реакциите на Островот откако Сер Алекс Фергусон доби отказ во Манчестер Јунајтед со цел клубот да ги намали трошоците.
Денеска медиумите пишуваат и за примањата на Фергусон во клубот и според информациите тој заработувал повеќе од петмина фудбалери на клубот. Примањата на Фергусон како амбасадор на клубот биле нешто над два милиони фунти годишно, па сега Јунајтед сега ќе ја заштеди таа сума.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со тие два милилиони фунти Сер Алекс заработувал повеќе од: Амад Диало, Алтај Брајдир, Ден Горге, Хери Аамас и Коби Мејно кој е и репрезентативец на Англија.
Сепак, без разлика на ваквата ситуација најголем дел од навивачите не се сложуваат со оваа одлука и сметаат дека за Ферги треба секогаш да има место во Манчестер Јунајтед.