Дома Фудбал Лига на шампиони Вечерва пред почетокот на финалето ќе се случи нешто кое не се случило никогаш претхдодно!

Вечерва пред почетокот на финалето ќе се случи нешто кое не се случило никогаш претхдодно!

Вечерва во финалето од Лигата на шампионите играат Тотенхем и Ливерпул, а ова ќе биде битка и на две големи тренерски имиња.

Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино имаше интересен предлог кој УЕФА го одобри. Аргентинскиот стратег посака УЕФА да дозволи фотографирање на целиот тим пред финалето, а не само на првите 11, па така и оние од клупата ќе бидат дел од историската фотографија.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Би ве замолиле да го земете во предвид новиот протокол за фотографирање на тимот пред финалето на Лигата на шампионите во Мадрид 2019 година. После ракувањето на играчите со судиите ќе се понуди екипите да направат две фотографии – првата со играчите во стартниот тим, а втората со сите кои се пријавени за овој натпревар“, стои во објавата на УЕФА.

Ова ќе биде историски момент кој ќе се случи за прв пат во едно европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…