Вечерва во спектакуларна атмосфера во Србија се одигра 200. официјално „вечно дерби“ помеѓу Партизан и Црвена Звезда.
На оваа средба од полуфиналето во Купот на Србија гледавме слики какви што недостасуваа скоро три месеци поради пандемијата од коронавирусот. Србија од неодамна ги олабави мерките, па вечерва на стадионот на Партизан беа околу 20.000 гледачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На теренот видовме голема борба помеѓу двата големи ривали, а на крајот победникот го реши еден гол. Освен шансите видовме и една турканица помеѓу фудбалерите која веќе е вообичаена во натпреварите на овие две екипи.
Gužva na derbiju Partizan – Zvezda pic.twitter.com/YaUuWUKK7a
— SportTime (@SportTi43915378) June 10, 2020
Во првите 45 минути видовме по некоја шанса на двете страни сепак мрежите мируваа. По нешто помалку од 15 минути игра во вториот дел Натчо го постигна голот кој се покажа како конечен.
Во финалето Звезда ќе игра против Војводина која претходно денес го победи Чукарички исто така со 1:0.