Дома Трансфер зона Вест Хем не запира: По Мегваер договори уште едно засилување од 30 милиони евра!

Вест Хем не запира: По Мегваер договори уште едно засилување од 30 милиони евра!

Навивачите на Манчестер Јунајтед денес сигурно со задоволство ја дочекаа веста дека Хари Мегваер се договорил со Вест Хем.

Но, денес изгледа дека „чеканите“ договориле и друг трансфер. По Мегваер постигнале договор и со Ворд Праус од Саутемптон. Повремениот англиски репрезентативец прифатил да се пресели во тимот на Дејвид Мојс и за неговите услуги „светците“ ќе платат сума од 30 милиони фунти.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Главната причина за заминувањето на Ворд Праус од Саутемптон е што овој клуб не успеа да се избори за опстанок во Премиер лигата.

За Мегваер Вест Хем исто така ќе плати 30 милиони евра. Клубот од Лондон може да си дозволи и уште некој трансфер ако се знае дека го продадоа Даклан Рајс на Арсенал за 116 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…