Дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген ќе биде под знак прашалник за финалето од Лигата на шампиони, пренесува „Скај Спорт“.
Белгиецот доби удар во главата и потрес на мозокот во првиот меч против Ајакс, но и покрај тоа синоќа излезе како стартер за Тотенхем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вертонген го одигра целиот меч без да се забележи дека заработил повреда, меѓутоа после натпреварот со штаки ја напушти „Јохан Кројф Арената“.
Англиските медиуми пренесуваат дека има повреда на лигаментите на глуждот. Токму поради таква повреда Хари Кејн е надвор од тимот и исто така не е сигурно дали ќе се опорави до финалето.
Финалето се игра на 1-ви јуни во Мадрид, а лекарскиот тим на Ливерпул сигурно ќе направи се за да можат двете ѕвезди да истрчаат на терен.