Поранешниот играч на Лацио и Парма зборуваше за италијанскиот фудбал.
Настапуваше за многу клубови во својата кариера, но најдобрите денови ги помина во дресот на Лацио. Хуан Себастијан Верон знае кој го променил стилот на игра во италијанската Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Верон неодамна изјави дека поранешниот тренер на Наполи, сега тренер на Челзи, Маурицио Сари го променил начинот на кој се игра во Италија.
„Италијанскиот фудбал секогаш е поврзан со традицијата, промените доаѓаа бавно. Мислам дека Сари успеа да воспостави свој стил и набрзо сите започнаа да го следат. Дури и во Аргентина зборувам за неговиот Наполи, а сега и за Челзи“, изјави поранешниот играч за врска.
Сари во Наполи помина три години, а минатата сезона беше на чекор од освојување на Скудетото, но дури ниту 91 поен не беа доволни да се победи силниот Јувентус. Меѓутоа многумина се воодушевени од начинот на кој тој игра.
Ќе потсетиме, неодамна стилот на Сари доби и свое име „Саризмо стајл“.