Арсен Венгер призна дека е свесен што Арсенал оваа сезона е полош од претходните години и заклучи дека тоа е реалноста со која не знае да се справи…
„Имаме полоша сезона од претходните, бидејќи тогаш освојувавме куп и имавме 75 бода во лигата. Не го негирам тоа, но вистинските анализи ќе следат на крајот од сезоната. Ова е наша реалност и, без грижа, знам да се справам со тоа“, изјави Венгер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ваквите коментари тешко можат да одат во корист кај навивачите кои одамна му го свртеа грбот, неговото заминување е се погласно и кај најлојалните навивачи, но изгледа дека и самите играчи кои одржале состанок заклучиле дека не знае да им помогне. Признанието како „знае да се справи со реалноста“ очигледно е јасна порака дека не сака да ја напушти клупата на која е 22 години.
Но, францускиот тренер е упорен во тоа да остане на клупата на „Топчиите“, па подготвен е и на критики од медиумите кои го критикуваат дека не знае да се прилагоди на противникот:
„Не е вистина! Секогаш се одибудвам да пронајдам решение за секој противник, па видете дека понекогаш играме со тројца, а понекогаш со петмина во одбраната. Живееме тешки моменти, но мораме да гледаме голема слика, загубивме од Сити кој сепак е тим со топ квалитети и преголема самодоверба“, заклучи Венгер.