Дома Фудбал Репрезентации Велковски: Ми падна камен од срце кога го постигнав погодокот

Велковски: Ми падна камен од срце кога го постигнав погодокот

Македонија со победата над Косово обезбеди финале во Лига на нации и во дуел против Грузија ќе се бори за пласман на ЕП.

Свој коментар после натпреварот даде и стрелецот на вториот погодок за нашата селекција и еден од виновниците за голот на Косово, Даре Велковски.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


„Тежок натпревар. Косово почна офанзивно. Го дадовме првиот гол, а потоа се случи онаа грешка помеѓу мене и Столе. Тука ми се свртеа 200 работи низ глава. Но, кога го дадов голот ми падна камен од срце, до крајот издржавме машки, имавме доста шанси за повеќе голови, но не погодивме. Останавме на висина на задачата и одигравме добар натпревар. Работата не е завршена, ни останува Грузија, натпревар за кој сите живееме и ќе дадеме се од себе да дојдеме до победа.“ – изјави Велковски после натпреварот.

Да потсетиме, Македонија финалниот натпревар против Грузија ќе го игра во гости на 12. ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Повеќе нема дилеми: Откриено и колку ќе заработува Модриќ во Милан!

Хрватскиот играч од среден ред, Лука Модриќ, ја продолжува својата фудбалска кариера во Ми…