Дома Фудбал Варди му донесе бод на Лестер против Тотенхем, па влезе во „конфликт“ со навивачите

Варди му донесе бод на Лестер против Тотенхем, па влезе во „конфликт“ со навивачите

Фудбалерите на Лестер и Тотенхем одиграа нерешено 1:1, во натпреварот од првото коло од Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гостите од Лондон подобро го отворија натпреварoт, а можеа да поведат уште во почетните моменти, но Соланке беше непрецизен. Нивната офанзивна игра вроди со плод во 29. минута, кога Поро на асистенција на Медисон ја погоди мрежата на Лестер.

Во вториот дел од играта „Лисиците“ одиграа многу подобра партија, па во 57-та по одличен центаршут на Фатаву, Џејми Варди го израмни резултатот.

Варди го напушти теренот во 79. минута, па токму тогаш се „судри“ со навивачите на Тотенхем. Имено, тие го исвиркале кога го напуштил теренот, додека англискиот фудбалер им гестикулирал дека тој, за разлика од нивниот клуб, освоил трофеј во Премиер лигата.

Во следното коло Тотенхем ќе го пречека Евертон, додека Лестер за противник ќе го има Фулам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо пред второ засилување за Челси откако ѕвездата од 35 милиони фунти го одобри трансферот

Чаби Алонсо е на чекор да го осигура второто засилување за Челси откако го одобри потегот …