Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар е голем, Вардар повторно е на фајнл-фор!

Вардар е голем, Вардар повторно е на фајнл-фор!

Вардар одново е на фајнл-фор!

Издржа Вардар на гости кај ПИК Сегед (29:25) и поради победата од осум гола разлика во Скопје по трет пат ќе игра на фајнл-фор турнирот во Келн!


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Вардар, Барселона, Киелце и Веспрем ќе се борат за европската титула! Денес Вардар одигра катастрофално прво полувреме после кое ПИК Сегед имаше предност од осум гола разлика 17:9.

Меѓутоа вториот дел донесе многу подобра игра на Вардар и гледавме голема борба на двете страни. На голот на Вардар се разбуди и Дејан Милосваљев кој во најважните моменти беше на потребното ниво и бранеше зицери.

Кај Вардар најдобар беше Игор Карачиќ кој постигна осум гола, Криштопанс додаде пет, а Дибиров четири гола. Во редовите на ПИК Сегед, Банхиди постигна седум гола.

Треба да се спомене дека 25 секунди пред крајот се случи и еден инцидент на теренот кој се расчисти после прекин од неколку минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Германски судија тврди: Србија со право е разочарана – требаше да добие пенал!

Селекцијата на Србија приреди ново разочарување на навивачите со елиминацијата уште во гру…