Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардарки со ново засилување во стручниот штаб!

Вардарки со ново засилување во стручниот штаб!

Женскиот ракометен клуб Вардар од денеска има засилување во стручниот штаб. Нов асистент на тренерот Ирина Дибирова во иднина ќе биде Роберто Гарсија Парондо, кој ќе биде на клупата заедно со Аце Станковски.

Парондо е актуелен помошник на Раул Гонзалез во машката сениорска репрезентација на Македонија и поранешен ракометар на Сиудад Реал. Тој настапуваше за унгарскиот клуб Будакалаш, а претходно за Пик Сегед. Тој е третиот шпански тренер во Вардар по Раул Гонзалез и Давид Дејвис Камара.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Вардар се подготвува за настап во групната фаза од Лигата на шампионите што почнува во октомври. Првите натпревари за Парондо на клупата на Вардар ќе бидат на турнирот од регионалната ВРХЛ-лига следната недела во Подгорица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Само еден фудбалер бил подобар од Миовски викендов во Ла Лига 📸

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски викендов го одигра најдобриот натпревар од неговото при…