Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте (29) од следната сезона ќе биде член на Вардар1961 и ќе остане најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката доколку клубот е задоволен од неговиот настап.
Цехте игра на позицијата десен бек и моментно настапува за тимот на Хановер во Бундеслигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќен сум што доаѓам во Вардар. Го одбрав македонскиот првак бидејќи знам што значи клубот во светот на ракометот, и знам дека може да придонесе и за мои подобри игри и резултати. Слушнам само убави работи за околу се што ме очекува во новата средина, за тренерот, за новото на кое е клубот, за тренирањето. Очекувам дека ќе ги оствариме резултатите што ќе бидат поставени пред нас, и секако ќе се бориме.Едвај чекам да дојдам во Скопје, со новиот тим, со момците. Се веселам што ќе можам да играм пред таква публика, атмосфера, и да тренирам со стручњак од калибарот на Давид Дејвис, изјави Нејц Цехте.
Цехте е првото потврдено засилување за Вардар за идната сезона.