Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар го најави натпреварот со Шкендија: Ова некогаш беше дерби за титула!

Вардар го најави натпреварот со Шкендија: Ова некогаш беше дерби за титула!

Денес Вардар ја одржа прес-конференцијата на која го искажа своите очеквања пред натпреварот против Шкендија кој ќе се одигра утре на стадионот „Бори Трајковски“ во Маџари.

Пред овој дуел тренерот Александар Васоски потсети на времиња кога ова беше натпревар кој го одлучуваше шампионот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Некогаш ова беше големо дерби се бореа дватат тима за титула и играа многу квалитетни натпревари. Играме со првопласираната екипа, но знаеме дека оваа сезона променливо, ако го земеме последниот меч со Брегалница каде успеавме да земеме бод, а можевме и три, така што трендот на екипата е нагоре, и ќе настојуваме да победиме.

Ги повикувам комитите кои се наш 12-ти играч да ни дадат поддршка, а ние ќе настојуваме со цело знаење да пробаме да ја изненадиме и да победиме. Несомнено ова е дерби во последните години, иако сега играат последниот против првиот“, изјави Васоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…