Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Арсенал Робин Ван Перси предизвика многу коментари со изборот на најдобрите тројца играчи според него во овој момент.
Ван Перси на „Твитер“ објави како би гласал кога во овој момент би бил изборот за „Златната топка“. На првото место на неговата листа се најде Роберт Левандовски од Баерн Минхен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно е што помеѓу првите тројца ги нема ниту Роналдо, ниту Меси. Второто место тој му го додели на Кевин Де Брујн, додека на третото место го смести Садио Мане.
Ќе потсетиме од 2008 година па до денес само Лука Модриќ успеа да се вмеша во доминацијата на Роналдо и Меси кои заедно освоија 11 златни топки.
?@lewy_official
— Robin van Persie (@Persie_Official) July 8, 2020
?@DeBruyneKev
?Sadio Mané https://t.co/MI41mpHVYD