Дома Фудбал Ван Перси објасни зошто ја одбил понудата на Тен Хаг да се врати во Јунајтед

Ван Перси објасни зошто ја одбил понудата на Тен Хаг да се врати во Јунајтед

Робин Ван Перси помина три добри години во дресот на Манчестер Јунајтед и со овој клуб ја освои Премиер лигата и Комјунити Шилд.

Поради неговите одлични настапи и голови тој и денес е еден од милениците на навивачите. Имаше прилика Ван Перси да се врати нба „Олд Трафорд“, но ја одби понудата од Ерик Тен Хаг. Новиот тренер на Манчестер Јунајтед сакаше Ван Перси да биде негов асистент, но не дојде до договор.

Сега Ван Перси објасни зошто ја одбил понудата.

„Мојот син и ќерка ми се важни во моментов. Убаво е што и двајцата ја пронајдоа својата страст. Дина го направи тоа со јавањето коњи, Шакил со фудбалот, додека мојата сопруга ги развива своите таленти со нашите проекти и сите заедно уживаме во тоа. Додека бев во Лондон во Арсенал се селевме пет пати. Живеевме и во Манчестер и во Истанбул. Се на се бевме отсутни скоро 14 години. Тогаш размисливме што е најважно за децата, сакавме да почувствуваат стабилност“, изјави поранешниот фудбалер на Арсенал, Фенербахче и Феенорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …