Дома Фудбал Лига на шампиони Валверде: Не се најдовме себеси, нивната агресивност нас не пресече!

Валверде: Не се најдовме себеси, нивната агресивност нас не пресече!

Барселона иако важеше за фаворит, ненадејно вечерва беше изненадена од поразот и елиминацијата од Рома во рамки на четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите.

Римјаните заслужено ја надокнадија разликата од Каталонија, па со 3:0 вечерва обезбедија историско полуфинале во најелитното европско натпреварување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Предводникот на Каталонците, Ернесто Валверде по завршувањето на мечот призна дека домашниот соста бил подобар противник кој на теренот покажал агресивност со кој Меси и дружината очигледно не можеа да се справат.

„Имавме недостатоци во организација на играта. Тие имаа цел и ја остварија, едноставно се им појде од рака. Немам одговор. Рома успеа да не потисне и да ни направи пресинг кој нас воопшто не ни одговараше. Имавме проблеми со нивниот пристап уште од самиот старт. Ние не се најдовме себеси во текот на целиот меч, па оттаму мораме заслужено да им честитаме на големата победа“, истакна Валверде по елиминацијата на неговата Барселона во реванш мечот на „Олимпико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…