Дома Фудбал Италија Бурно во таборот на Рома: Џеко и Ел Шарави се „фатиле за врат“!

Бурно во таборот на Рома: Џеко и Ел Шарави се „фатиле за врат“!

Денес низ медиумите во Италија се пишува за голем конфликт во таборот на Рома.

Италијанците откриваат дека на полувремето од натпреварот помеѓу Рома и СПАЛ во голема расправија влегле Един Џеко и Стефан Ел Шарави, дури и имале и физички контакт.
Во текстот стои дека Ел Шарави и Џеко буквално се фатиле за врат, а тука интервенирале соиграчите, па двајцата напаѓачи биле разделени.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Џеко влегол бесен во соблекувалната удирал и кршел разни предмети, а потоа му се пуштил на Ел Шарави бидејќи сметал дека во одредени ситуации кога бил во добра позиција не му додавал.

На ваквото oднесување на Џеко Ел Шарави не останал без реакција и му возвратил. Тогаш соиграчите спречиле поголем инцидент.

Ситуацијата дополнително се искомплицирала кога Раниери на стартот на полувремето веројатно како резултат на казна го заменил Ел Шарави со Пероти. Според медиумите во Италија ова би можело да влијае и Ел Шарави да ја одбие понудата за нов договор од Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

От Реал подготвиле 100 милиони фунти за носителот на „Златната топка“

Раководството на Реал Мадрид размислува да испрати понуда вредна 100 милиони фунти со цел …