Дома Останати Тенис Брутална казна: Тенисер суспендиран 15 години поради местење!

Брутална казна: Тенисер суспендиран 15 години поради местење!

Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ИТИА) му изрече 15-годишна забрана на шпанскиот тенисер Арон Кортес поради местење натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ИТИА соопшти дека Кортес признал 35 прекршувања на тениската антикорупциска програма помеѓу 2016 и 2018 година.

Во соопштението се наведува дека Кортес манипулирал со резултатите од натпреварите, прифаќал пари за да манипулира со исходите и не пријавил коруптивни практики, се обложувал на натпревари и им давал пари на официјалните лица на турнирот во замена за специјални покани (вајлд-карти).

ИТИА додаде дека Кортес целосно соработувал и ја прифатил казната, која вклучува парична казна од 75.000 долари.

На Кортес му е забрането да игра и да присуствува на официјални тениски настани до 27 март 2039 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа одлично тргна и ја скокна првата пречка во квалификациите за Вимблдон!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот во квалификациите за Вимб…