Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Бројки кои покажуваат колку Роналдо е немоќен на ова Европско првенство

Бројки кои покажуваат колку Роналдо е немоќен на ова Европско првенство

Кристијано Роналдо во Германија го игра своето шесто Европско првенство и е единствениот фудбалер со такво достигнување, но иако со неговата репрезентација се пласираше во четвртфиналето на индивидуален план баш и не му оди.

Португалецот досега на теренот помина 366 минути и се уште не постигнал гол (не се смета голот во пенал рулетот). Се обидуваше на разни начини, вчера против Словенија во продолженија не реализираше и пенал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На Европското првенство Роналдо упатил вкупно 20 удари кон противничките голови, а од 1980 година само уште четворица играчи имале послаб учинок. Беа тоа Деко (24 удари 2004 година), Фернандо Херо (23, 1996), Кевин Де Брујне (21 2016) и Дани Олмо (2020 21).

Исто така Роналдо против Словенија се обиде четири пати од слободен удар, а со тоа стигна до бројката од 60 изведени слободни удари од кои постигнал само еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Готово: Ветеранот Вилијан има нов клуб!

По втор и веројатно последен пат, искусниот крилен фудбалер се врати во татковината. Овој …