Манчестер Јунајтед го совлада Сент Етјен со 3:0, а натпреварот го одбележа дуелот помеѓу двајцата браќа Погба, Пол и Флорентин.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Играчот на „црвените ѓаволи“ можеше да слави победа, но беше многу посреќен што имаше можност да игра против својот брат.
„Беше магично. Не можев да верувам кога го видов. Почнавме да се смееме и само да уживаме во моментот. Ваква ситуација не се случува секој ден. Натпреварот беше добар, сакавме да победиме, а во реваншот ќе ни биде полесно иако ништо не е готово“, изјави Пол Погба.
„Да се игра против својот брат е неверојатно, но кога почна натпреварот не мислев повеќе на тоа. Малку жалам што не ги искористивме добрите шанси во првото полувреме. Манчестер беше поефикасен, а тоа е одлика на големите клубови. Има уште да се игра и ние мораме да веруваме“, изјави Флорентин Погба.