Легендарниот бразилски фудбалер и селектор, Карлос Дунга доживеа тешка сообраќајна несреќа. Несреќата се случила во регионот на Коритиба, а Дунга бил во автомобилот со сопругата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На меѓугратски пат во Бразил, Дунга ја загубил контролата над своето возило и се превртел, а вистинска среќа е што минал без сериозни последици.
Дунга играше за Бразил од 1987 до 1998 година, а како капитен ја предводеше репрезентацијата до освојување на Светското првенство во 1994 година.
Тој беше селектор на Бразил во два наврата, од јули 2006 до јули 2010 година, потоа повторно од јули 2014 до јуни 2016 година.