Дома Македонски спорт Мак фудбал Борче Христов: Да го повториме изданието од триумфот со Шкендија и на Чаир

Борче Христов: Да го повториме изданието од триумфот со Шкендија и на Чаир

Работнички пред два дена го совлада актуелниот првак Шкендија на арената „Тодор Проески“, а веќе утре тимот на Борче Христов го очекува ново големо искушение, гостување кај актуелниот лидер Шкупи на Чаир. Шефот на стручниот штаб се надева дека позитивната низа може да продолжи и посакува фудбалерите да се претстават во ново добро издание.

„Задоволен сум од триумфот против Шкендија, прикажавме навистина добра игра, фудбалерите ги исполнија тактичките замисли, сите поставени задачи. Но, таа победа е веќе зад нас и се подготвуваме за новиот предизвик. Утре ни следи гостување на Чаир и нов дуел против Шкупи. Тие се лидери, имаат квалитетен тим, но мислам дека ги намачивме и на претходниот натпревар на Арената. Загубивме со 0-1, но лесно можеше да биде и поинаку.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Верувам дека утре ќе одиграме нов квалитетен меч, а најважно е што фудбалерите увидоа дека можат да стигнат до победа и против најдобрите. Натпреварот против Шкупи е шанса за ново големо докажување. Јас сум уверен дека овој млад тим на Работнички може уште многу подобро и ќе се стремиме кон тоа, иако сме свесни дека ќе имаме подеми и падови до крајната цел“, вели Борче Христов.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…