Фудбалскиот репрезентативец на Италија, Леонардо Бонучи не чувствува потреба да им се извини на Ерменците за своето однесување.
Во квалификацискиот натпревар помеѓу двете репрезентации Бонучи исценира дека добил удар со лакт во лице од противничкиот играч Карапетјан, на што германскиот арбитар наседна и му го покажа патот на Ерменецот кон соблекувалната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да испадне убедлив, Бонучи легна на тревата и се фати за лицето, а откако сите во Ерменија овој потег го нарекоа срамен, италијанскиот фудбалер нема намера да се извини.
„Тоа се случува на теренот, не чувствувам потреба да упатам извинување.“ – изјави Бонучи и додаде:
„Не размислував на тоа дека тој веќе има картон, инстиктивно реагирав бидејќи претходно во текот на натпреварот добив два сериозни удари со лакт во пределот на главата. Сето тоа се случи во жарот на играта, немаше никакви лоши намери.“ – порача искусниот дефанзивец.
Токму Карапетјан беше тој кој ја донесе Ерменија во водство, но откако беше исклучен, Италија во меѓувреме успеа да го сврти натпреварот и да слави со 3:1.