Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала може да добие понуда за нов договор после одличните партии на стартот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.
Интересно е што пред почетокот на сезоната Дибала беше ставен на трансфер листа и му беше отворена излезната врата на Јувентус. За него имаше неколку понуди меѓу кои од Манчестер Јунајтед и Тотенхем, но Аргентинецот сепак реши да остане во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус правеше се што е можно за да му најде купец, но Дибала реши да остане и почна да се наметнува во тимот на Сари.
Сега раководството на Јувентус го промени мислењето и сака да му понуди нов договор, но Дибала ќе сака сериозно зголемување на платата.
Во моментов „старата дама“ е спремна да му ги исполни барањата на Аргентинецот и наскоро двете страни ќе седнат на преговарачка маса.